Измасакрирани делови од тела на најмалку две лица биле пронајдени во три контејнери во градот Осака во Јапонија.
Според зборовите на портпаролот на полицијата во Осака, во металните кутии биле пронајдени отсечени глави, три нозе, две раце и делови од коски.
“Станува зборот за тела на најмалку две жртви, додека било тешко да се одреди возраста и полот на жртвите”, изјавил портпаролот на полицијата во Осака.
Полицијата во неделата ги отворила двата контејнера кои биле лоцирани во паркот, бидејќи било пријавено дека од нив се ширело неподнослива реа, а третиот контејнер бил отворен во општинската депонија.
Станува збор за контејнери со волумен од 18 литри, кои често се користат за складирање бензин, пишува Франс прес.