Конгресмени бараат објавување на фотографии, како доказ дека Бин Ладен е ликвидиран

popara3 мај, 20111min00
bin_laden_dead_500x279
Американски конгресмени бараат фотографиите од ликвидацијата на Осама бин Ладен да бидат објавени во јавноста. Сенаторот Карл Левин, претседател на комисијата за одбрана при горниот дом на парламентот, изразил убеденост дека во краен случај снимките ќе бидат публикувани.
“Мислам дека во даден момент фотографиите од неговото тело ќе бидат публикувани. Не знам кога, но сигурен дека треба и ќе бидат објавени“, изјавил Левин пред новинари.
Досега не е објавена никаква фотографија од ликвидацијата на Бин Ладен. Белата куќа сеуште не одлучила дали да ги публикува снимките како доказ дека водачот на Ал Каеда е мртов, објавува АП, пренесува Нетпрес.
Џон Бренон, советник на американскиот претседател Барак Обама, за прашања за тероризмот, рекол дека власта ќе стори се’ што е можно да не допушти некој да го сопорува фактот дека Бин Ладен е ликвидиран. Според него, еден од проблемите поврзани со објавување на снимките од мртвиот Бин Ладен, е потенцијалната опасност од компромитирање на сични операции, како и на разузнувачки извори во иднина.
Џо Либерман, претседател на комисијата за внатрешна безбедност во Сенатот на САД, рекол дека “можеби е неопходно да се објават фотографиите на трупот, колку и да се вознемирувачки тие, имајќи во предвид дека бил застрелан во главата, за да се отфрли секоја идеја дека има измама од страна на американската администрација“.
Либерман додал дека е апсолутно убеден оти убиениот е токму Осама бин Ладен.
Републиканецот Мајк Роџерс потенцирал дека “САД сакаат да го задржат достоинството на Осама бин ладен, ако воопшто тој и го има, за да не се заострат проблемите во другите делови низ светот, и ќе презентираат докази за да ги убедат луѓето дека станува збор за него“.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag