Во Швајцарија најдени 400 милиони долари на Гадафи

3 мај, 20110
Gaddafi120

Швајцарската влада денеска сооптила дека влегла во траг на повеќе од 360 милиони швајцарски франци (416 милиони долари) кои можеби припаќаат на либискиот лидер Гадафи или на луѓето во неговото окружување. Овие информации ги објави швајцарското министерство за надворешни работи, министерката Мишелин Калми Реј на дипломатска средба во Тунис, пренесува AP.

Таа изјавила и дека се пронајдени околу 410 милиони франци кои се поврзани со бившиот егпетски престолонаследник Хосни Мубарак и 60 милиони франци кои се поврзуваат со бившиот престолонаследник на Тунис Бен Али.

Швајцарските власти им наредија на банките и другите финансиски институции да ги замрзнат средствата кои би можеле да припаѓаат на Гадафи, Мубарак, Бен Али и  нивните главни соработници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi