Корпорацијата на Гучи ќе го купува брендот „Бриони“

popara9 ноември, 20111min00
Brioni Boutique Zagreb

Француската корпорација на луксузни брендови “, Pinault Printemps-Redoute” планира да ја купи италијанската модна куќа  “Бриони” со цел ја зајакне својата позиција во секторот за модната индустрија за мажи, објавија челниците на корпорацијата.

Договорот за купување на компанијата “Бриони”, чии модели ги носат рускиот премиер Владимир Путин и претседателот Дмитриј Медведев, Кофи Анан и Доналд Трамп, треба да биде финализиран до почетокот на 2012 година. Од корпорацијата PPR потвдија дека планираа проширување на палетата на производи и презентирање на брендот на нови пазари.

Компанијата “Бриони” моментално има 74 продавници и 1.800 вработени, а во 2010 година. пријави приходи од 170 милиони долари. Првата продавница  на познатата италијанската модна куќа е отворена во Рим во 1945 година. Најголемата фабрика на компанијата се наоѓа во италијанската област Абруцо на јадранскиот брег, на околу 100 километри источно од Рим.

Корпорацијата PPR напорно работи на подобрување на квалитетот и на проширувањето кон нови брендови. Минатата година корпорацијата ја купи елитната модна куќа за накит “Блгари” за 3,7 милијарди евра. Во сопственост на корпорацијата се многу познати модни брендови како што се “Гучи”, “Ив Сен Лорен”, “Пума”, Александар МекКвин “и други.