Израелска телекомуникациска компанија одлучи на ултра ортодоксните евреи да им понуди мобилен со традиционални ринг тонови и мени на јидски, кој ќе биде прв ваков во светот. Споментатиот мобилен нема испраќање пораки, фотографирање ниту пак снимање видеа, нема пристап до интернет, мејлови и други апликации со кои може да се доведат корисниците во искушенија. Телефонирањето исто така ќе биде поскапо како и самиот уред. За да се добие одобрение од рабините и да се дистрибуира овој телефон, ќе мора да се докаже дека овој со мобилен корисниците нема да ги заобиколат безбедносните подесувања и да “направат грев“.