Кошмарот на Папандреу

17 јуни, 20110
306685256_20bf983286
Грчкиот премиер, Јоргос Папандреу за неколку часови се претвори од политички во фатален херој. Одлуката, преку ноќ да формира нова влада, во уште еден обид да ја извлече земјата од хаос се претвора во кошмар, а неговите соработници и пратеници почнуваат да даваат оставки, пишува “Политика“, пренесува НатПрес.
Заради информациите за нови оставки, одржан е итен состанок на ПАСОК во парламентот. Засега тројца угледни членови на ПАСОК, инаку блиски соработници на Папандреу, кои дадоа оставка, отворено го изразуваат своето незадоволство од владиниот план за рестриктивните економски мерки и, меѓу другото, порачуваат дека “иднината на младите е на погрешен пат“.
Јоргос Флоридис во својата оставка порача дека во парламентот ќе остане како независен пратеник, оти е разочаран од однесувањето на партиските лидери кои, во момент кога земјата се наоѓа во тешка криза, партиските интереси ги ставиле пред националните, и уште еднаш одбрале погрешен пат.
Историската шанса за спас, според општата оценка, бил последниот предлог на грчкиот премиер да се воспостави национален консензус и да се формира влада на национално единство. Лидерот на грчката опозициска партија, Нова Демократија, Антонис Самарас во дваесетминутен телефонски разговор побарал од Папандреу да поднесе оставка и повторно да бидат водени преговори со европските кредитори за условите за добивање помош.
Прмеиерот не ја исклучи ни можноста новата коалициона влада да ја предводи некој друг, но инсистирал дека за новите услови за враќање на долгот сега не може да се преговара, оти тоа би довело до нова нестабилност.
По неуспешните преговори со опозицијата, а соочен со притисок од сопствената партија и народното незадоволство, Папандреу се одлучи за реконструирање на владата.
Министерот за финансии, Јоргос Папаконстантин со месеци беше цел на незадоволство на Грците, кои веќе три недели се на улиците . Во протестите тие, меѓу другото, се обидуваат да спречат изгласување, од страна на парламентот, нов четиригодишен пакет рестриктивни мерки, кои, во замена за европските кредити, значат нови порази, отпуштања, намалување на платите, приватизација…
Опозициските партии инсистираат на предвремени избори и сметаат дека само народот може да донесе вистинско решение и затоа реконструкцијата на владата значи само отстранување на неколку омразени министри, воспоставување рамнотежа и малку социјален мир додека владината политика ќе остане иста.
Соопштувајќи и’ на јавноста преку директен телевизиски пренос дека Грција ќе добие нова влада, Папандреу подвлече дека владата ќе го продолжи истиот пат по кој последните 20 месеци се обидува да ја спаси Грција од банкрот.
Меѓутоа, дека со новата влада нема да се решат проблемите на Грција, им е јасно и на европските кредитори кои изгледа попуштаат и го намалуваат борјот на условите кои што Атина треба да ги исполни за да ја добие новата транша од кредитот.
Гласините за реструктуирање на грчкиот долг и понатаму се присутни, но тие во суштина им одговараат само на Грците. Во моменти кога народот веќе три недели е на улиците и протестира против новите мерки за штедење во замена за кредити, опасно е да тераат Грците да ја распродаваат својата земја.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi