Лео ги доведува Анчелоти и Менез?

17 јуни, 20110
Leonardo1

ПСЖ се пушти во голема реконструкција ова лето. На местото спортски директор во клубот треба да пристигне досегашниот тренер на Интер, Леонардо кој веднаш ќе доведе ново засилување. Прв на редот е тренер во тимот, се споменува Карло Анчелоти, како најсериозен кандидат. Меѓутоа италијанецот неодамна изјави дека посакува една година да оди на одмор, но може да се предомисли бидејќи има одлични услови за работа во Париз. Како прво засилување во играчкиот кадар се споменува Жереми Менез, кој веќе подолго време е незадоволен во Рома. Можно е неговата агонија во Рим да продолжи, па не сака ништо да препушти на сличајот. “Менез ќе мора да прифати дека новиот тренер ќе го користи на одреден начин. Ако се сложи со тоа, тогаш ќе остане” изјави Валтер Сабатини првиот оперативец на “волчицата”. И Милан е во трка по услугите на Менез. Повеќе околу овие тренсфери ќе се знае следните неколку дена, кога ПСЖ ќе ги договори сите формалности со Леонардо.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi