Галатасарај ги купува во пакет Форлан, Ујфалуши и Рејес?!
17 јуни, 20110

Претседателот на Галатасарај Унал Ајсал со уште два члена на управата на истанбулскиот клуб во четврток отпатува во Мадрид, на заврши преговори со претседателот на Атлетико Мадрид во врска со купување три играчи.
Станува збор за Диего Форлан, Томас Ујфалуши и Хозе Антонио Рејес, кој според турските медиуми веќе за неколку дена би можеле да станат нови играчи на турскиот гигант.
Во Галата веруваат дека договор може да биде постигнат во следните две дена, а доколку најавите се потврдат тоа ќе биде еден од најголемите “пакет-трансфери” во историјата на европскиот фудбал, кој би можел да биде вреден и околу 45 милиони евра.