Косово гори! Мртви и повредени во Пеќ, а Јариње и Брњак – горат!

20 октомври, 20110
tenk1_425937S1

На граничните премини Јариње и Брњак во северно Косово биле распоредени косовски цариници и полиција, заедно со припадниците на EULEX.

Припадниците на мисијата EULEX ќе го вршат оперативниот дел, додека полицијата и цариниците техничкиот. Распоредувањето поминало без проблеми.

Припадници на српската радикална партија пристигнале на административниот премин Јариње, но не успеале да поминат бидејќи наишле на челична ограда и бодликава жица, а позади барикадите стоеле возила на КФОР. Сепак тие преминале на Косово, преку алтернативни патишта. Тие тргнале кон Косовска Митровица за да им дадат поддршка на србите од сверниот дел од Косово.

Во Јариње околу 13 часот избил пожар, но засега не познато која е причината.

Во меѓувреме, напнатоста на Косово расте, бидејќи еден албанец кај Пеќ, убил еден, а ранил двајца срби. На барикадите почнале да се собираат голем број срби, а кфоровите војници се наоѓаат на 300 метри од демонстрантите.

Во селото Добруша, кај Пеќ, тешко биле ранети три лица, а еден од нив подоцна загинал. Конфликтот на истокот на Косово настанал во моментот кога напнатоста поради акцијата на КФОР  го достигнала врвот. Наводно на тројцата срби пукал албанец, кој сакал на сила од нива да купи имот.

Подоцна со солзавец биле растерани демонстрантите од премините. Напнатост имало и во местото Жупче. Со оглед на тоа дека во средата не бил постигнат договор меѓу косовските срби и НАТО силите на Косово КФОР, меѓународните сили започнале да ги расклопуваат барикадите кои биле поставени од србите.

Оваа акција се обиделе да ја спречат 150 српски демонстранти, но биле растерани со солзавец.

Доцна синоќа, претседателот на Србија, Борис Тадиќ, побарал воздржаност од употреба на сила од страна на припадниците на КФОР, но и од косовските Срби.

Тој, исто така, предупредил конфликтите на Косово да не се користат во дневно политичките цели, туку да се решат проблемите во интерес на граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi