Бидејќи интересот за кралската венчавка е голем, кралското семејство одлучи да се отвори официјален сајт на кој заинтересираните ќе може да ги дознаваат сите информации и соопштувања за кралската венчавка која треба да се случи на 29 април оваа година. На овој сајт ќе биде и онлајн прикажана целата венчавка, па така сите оние кои сакаат да бидат во тек со неа ќе можат да ја проследат на нивниот сајт.