Кралски одмор од половина милион евра

17 мај, 20110
Prince-William-and-Kate-Middleton-Take-a-Caribbean-Vacation
Младиот кралски брачен пар принцот Вилијам и принцезата Кејт веќе неколку денови уживаат во својот меден месец во едно ексклузивно и изолирано летувалиште на Сејшелите. Младенците на островот ќе поминат десет дена, а целокупниот аранжман чини скоро половина милион евра, што е најверојатно една од најголемите цифри која некој познат пар ги издвоил за прво брачно патување.
Организацијата за медениот месец е доверена на агенција чиј сопственик е Германецот Фархад Влади, кој потврдил дека еден од островите кои ги нуди неговата агенција го изјанмил британскиот кралски пар.
“Точно е дека изнајмивме остров на британското кралско семејство. Принцот Вилијам и неговата сопруга таму ќе се одмараат, но ги почитуваме нивните желби и не откриваме детали“, рекол Влади.
Иако на британските медиуми им е позната точната локација, сепак одлучиле да ја почитуваат желбата на младите сопружници.
Инаку Кејт и Вилијам до островот пристигнале со хеликоптер, кој ги чекал младенците на главниот сејшелски аеродром, а биле сместени во вила која им гарантирала апсолутна приватност. По пристигнувањето, кралскиот пар бил пречекан од персонал кој им бил на располагање 24 часа и кој во секој момент се грижи за нивните потреби.
Пред некој клиент да дојде на островот треба да потполни прашалник во кој може да ги наведе сите желби и се што не му одговара за да може да се организира по мерка на клиентите.
Сопственикот на туристичката агенција кој го организирал патувањето задоволно трие раце бидејќи кралскиот пар му обезбедил најдобра можна реклама за претстојната сезона.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi