Кралство на солта како рај на земјата

23 август, 20111
salar-de-uyuni

Салар де Ујуни, најголемото пресушено солено езеро во светот е вистински рај на земјата. Тука небото и земјата се спојуваат, создавајќи волшебни пејзажи кои ве оставаат без здив.

Овие прекрасни пејзажи се наоѓаат во јужниот дел на Боливија во близина на вулканот Тунупа, на надморска височина од 3650 метри. Салар де Ујуни е најголемата солана во светот, и зафаќа површина од 11.000 квадратни метри.

Во текот на сезоната на дождови, соланата е покриена со тенок слој вода. Тогаш нејзината површина е најголемото огледало во светот.

Оваа област е многу популарна меѓу туристите кои сакаат да искусат нешто различно. Посетителите можат да уживаат во прекрасни прошетки, а за само 15 долари на ден може да се сместат во едно од локалните семејства.

Нивните куќи се без електрична енергија или вода, дури и бања, но пејсажите кои го одземаат здивот надоместуваат за сето тоа.

Туристите можат да учествуваат во традиционалните активности на локалните жители, како што е шишање Лами во август или да се приклучат на караваните кои носат блокови сол на оддалечените села во замена за храна и други стоки.

Иако туристите веќе долго време ја посетуваат оваа област, неодамна за неа беа заинтересирани и индустријалците, поради литиумот, кој се наоѓа веднаш под површината на солта.

Литиумот во оваа област опфаќа половина од светските залихи, што се користи во батерии за мобилни телефони и компјутери, и е клучен елемент во електричните автомобили. Постојат стравувања дека ова би можело негативно да влијае врз иднината на туризмот во овој дел на Боливија.

One comment

  • may be babe

    26 август, 2011 at 02:27

    no comment preubavo e…..

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi