
Подготовка:
Внимателно исчистете коските кои излегуваат од свинското месо и со остар нож исечете го месото измеѓу секоја коска.
Измијте ги јаболките и не ги лупете. Исечете ги на четвртини, извадете ги семките и исечете на тенки парчиња.
На секое праче од кременадлите ставете сол и бибер и на нив наизменично додадете по едно парче од црвеното и зеленото јаболко.
Кременадлите врзете ги со конец за да не паднат јаболките додека се пече.
Жалфијата ситно исецкајте ја, додадете трошки од бисквит и рендан пармезан. Месото премачкајте го со путер и посипете со оваа смеса.
Месото ставете го во тава премачкана со маслиново масло, од страна распоредете ги листовите од жалфија и печете 60 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Потпеченото месо покријте го со алуминиумска фолија и вратете го во рерна.
Состојки:
За 6 лица:
- 1,5 кременадли
- 1 црвено јаболко
- 1 зелено јаболко
- 50гр интегрални бисквити
- 30гр рендан пармезан
- 30гр путер
- жалфија
- Маслиново масло
- Сол и бибер