Крис Мартин: Дрогата и алкохолот не беа нешто непознато за Колдплеј

popara27 октомври, 20111min00
pianoo

Лидерот на групата Колдплеј, и сопруг на актерката Гвинет Палтроу признал дека тој и членовите на бендот во минатото експериментирале со дрогата и алкохолот.
Иако е познат по својот здрав начин на живот, лидерот на Колдплеј уште признал дека тој и членовите на бендот ја вкусиле темната страна на рокенролот. Славевме,  пиевме и се дрогиравме, изјавил Крис Мартин.

“Успехот и славата, алкохолот и дрогата, тие работи ги надминавме. Тоа се замки кои се јавуваат од многу патување и изгубено време”, изјавил 34-годишниот музичар.

Крис вели дека неговиот брак со Гвинет бил вистински благослов, и се пошегувал велејќи дека не е лошо кога доме ќе те пречека една оскаровка.

Членовите на бендот се како едно семејство, сите наши заслуги ги делиме на еднакви делови, додал Крис.

“Тоа значи дека кога некој поминува низ тежок период или има некој проблем, сите ние сме тука за да му помогнеме  или да му дадеме поддршка”, изјавил Крис Мартин за едно британско радио.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag