Крвникот од Осло планирал повеќе напади

29 јули, 20110
ab

Андрес Бреивик обвинет за убиство на повеќе од 70 луѓе во два одвоени напади минатиот петок кои се случија во Норвешка, планирал да изврши повеќе напади истиот ден, изјавил неговиот адвокат.

„Бреивик планирал да изврши уште напади на 22 јули, на поинаков начин. Како и да е, нешто се случило, за што се уште неможам да зборувам, па така неговите планови не се остварија“, изјавил акдовкатот Геир Липестад за еден норвешки весник.

Полицијата не сакала да го коментира ова. Бреивик ги призна нападите, едниот во центарот на Осло и убиствата во младинскиот камп на Утоја. Тој денеска треба да биде испрашуван по втор пат од страна на полицијата.

Тој, сепак ја прифати криминалната одговорност, велејќи дека неговите акции биле неопходни, за да ја спаси Норвешка и Западна Европа од муслиманските преземања.

Адвокатот изјавил дека верува дека неговиот клинет е „луд“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi