Еден Кубанец кој се занимава со виткање пури, започнал да витка пура која ќе биде долга 70 метри, а со тоа тој ќе се обиде да го сруши својот предходен рекорд во Гинисковата книга. Hose Kastelar (67) во мај 2009 година по четврти пат влегол во Гинисовата книга на рекорди откако извитка цигара долга 43,38 метри. Кубанецот девет часа дневно поминува во виткање цигари и се надева дека новата ќе ја заврши до 3ти мај, за да ја изложи на Меѓународниот саем за туризам, пренесува AFP. Kastelar изјавил дека додека е тој жив, Гинисовиот рекорд мора да остане на Куба. Пред две години, кога тој го собори својот четврти светски рекорд, изјавил дека ќе ја запре својата трка на рекорди, дури кога ќе успее да направи цигара долга колку крајбрежјето Малекон во Хавана кое има 10 километри.