Куче од овца

28 март, 20110
jagnekutre

Овца родила куче во една кинеска фарма, тврди сопственикот на фармата која се наоѓа во Кина. Сопственикот Лиу изјавил дека постојано доаѓаат луѓе да го видат “јагнето-кутре“. Тој го приметил кратко откако овцата се породила, видел дека таа си го чисти своето новороденче со лижење. Јагнето било сеуште мокро, кога отишол да види од поблиску се зачудил, бидејќи јагнето изгледало како куче. Лиу бил исплашен и зачуден, бидејќи по 20 години одгледување на овци, тој за прв пат видел нешто вакво. Покрај тоа што наликува на јагне, има волна како јагне, устата, носот, очите, шепите и опашката дефинитивно личат на куче. Лиу рекол дека јагнето дури и си игра како кутре. Ветеринарите кои се зачудени, изјавиле дека скоро е невозможно овца да роди куче, но тоа не ги запрело туристите да доаѓаат во фармата Фугу, во провинцијата Шанкаси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *