Кучето им ја изело семејната заштеда!

13 ноември, 20110
pari

Кога на семејството Лоренсон им исчезнал пликот во кој имало 1000 долари, прво што помислиле е дека некој ги ограбил. Меѓутоа, набрзо се испоставило дека заштедата му послужила како ручек на нивниот Лабрадор.

-Сопругот и јас штедиме за кредитот за да го отплатиме автомобилот и секој пат кога ќе собереме 1000 долари, ги упаќаме на сметка во банка, вели г-ѓа Лоренсон.

Меѓутоа, кога тргнала по пликот со цел да ги уплати парите, таа видела дека парите ги нема, а на подот од дневната соба забележала рафрлени искинати банкноти од по 100 долари.

Остатокот од парите завршил во стомакот на нивното куче.

Лоренсови на кучето му дале пероксид, веројатно за да предизвикаат повраќање на кучето и да си ја сочуваат својата заштеда. Потоа тие ги собрале и залепиле банкнотите.

Успеале да спасат вкупно 900 долари.

Парите ги испратле во Министерство за финансии  со писмо во кое објаснуваат што се случило и со надеж дека парите ќе им бидат заменети.

-Нашето милениче се чувствува добро, ако ги занемариме црвенкастите дамки на крзното кои излегоа како последица од пероксид. За секој случај, парите од сега па и понатаму ги чуваме на безбедно место, дополнуваат Лоренсови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi