Дедо Мраз нема да има проблем да ја пронајде куќата на семејството Ричардс овој Божиќ. Тие својот дом во предградието на Канбера, Австралија, го украсија со 331 038 светилки, со што влегоа во Гинисовата книга на рекорди како сопственици на најмногу светилки употребени за украсување на приватна куќа.
Дејвид Ричардс, таткото во фамилијата, посветил четири години за да собере сијалички во рекорден број. Тој вели дека започнал со украсување на домот пред четири гоини, кога закачил една лента со сијалички над влезната врата.
Иако не сака да каже колку го чинеле сијаличките, Дејвид вели дека сите пари од посетителите ги донира во хуманитарна организација која му помогнала кога тој бил во криза.
Оние кои сакаат да го видат неговиот прекрасно уреден дом може да го сторат тоа уште годинава, бидејќи Дејвид вели дека ова е последна година кога тој украсува, и дека планира наредната година да ги донира сите сијалички во добротворни цели.