Куклица -село во Кратово и камените кукли

popara9 август, 20111min00
kuklica-naslovna

Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово. Сместено е на десната долинска страна на Крива Река, во нејзиното средно сливно подрачје, на надморска височина од 430 до 700 метри.

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле.

Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото “Весела свадба” зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети “кукли”, и местото го добило своето име – Куклица.

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.

Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата.

Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква “свадба” нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag