Кул факти за вселената

13 јули, 20110
Misconstrue-Space-Art-681299

Толку малку знаеме за вселената и прашање е и дали некогаш ќе дознаеме нешто повеќе од денешните докази на модерната наука. Сепак еве неколку интересни факти за вселената.
Лесна категорија
Доколку би го ставиле Сатурн во вода, би пловел. Густината на Сатурн изнесува 0.687 g/cm3, додека гутината на водата е 0.998 g/cm3.


Константно во движење
Се движиме низ вселената со 530 km/s. Нашата галаксија Млечен Пат ротира со брзина од 225 km/s, додека таа се движи низ вселената со 305 km/s. Тоа значи дека ние се движиме со тотална брзина од 530 km/s, што значи за една секунда ние сме 19 илјади километри подалеку од предходната положба.


Довидување стар пријателе
Месечината се оддалечува од Земјата. Секоја година месечината се оддалечува за 3.8 cm подалеку од Земјата.


Античка светлина
Зраците од сонцето кои продираат во Земјината полутопка се стари 30,000 години. Тие го поминале повеќето од времето продирајќи се преку густите атоми, како што и настанало сонцето.


Соларна диета
Сонцето губи билион килограми во секунда, како последица на соларните ветрови.


Висока Температура
Температурата во јадрото на сонцето изнесува 13,600,000 келвинови степени.


Ѕвездата на Џорџ
Планетата Уран, откриена од Сер Вилијам Хершел во 1781 година, била првично наречена Ѕвездата на Џорџ, во чест на кралот Џорџ III.


Повеќе месечини
Земјата има најмалку 4 месечини. Во 1986 година Данкан Валдрон откри астероид со големина од 5 км во дијаметар, кој периодично се приближува кон земјата, односно има слична орбита со таа на Земјата. Периодичниот планетоид е наречен Круитне (Cruithne), според античко шкотско население. По неговото откритие уште најмалку три слични астероиди се откриени и тие се наоѓаат во слична врска и со другите планети во нашиот Сончев Систем.


Ладно заварување
Доколку две парчиња метал се допрат заедно во вселената тие перманентно ќе се спојат. Ова би претставувало голем проблем кај вселенските станици, доколку металот не би бил обложен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi