Педесет и седум годишен кумановец обљубил малолетно девојче со пречки во развојот, соопшти МВР.
На десети, овој месец, околу 17 часот во Куманово, 57-годишниот М.А. пресретнал 15 годишна малолетничка, инаку лице со пречки во развојот и над истата извршил полови дејствија, бакнувајќи ја и допирајќи ја по телото.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против сторителот, за кривично дело “обљуба врз немоќно лице“.
Извор: Нетпрес