
Фудбалерите на Металург ја освоија првата Куп титулата откако во големото финале одиграно на стадионот „Гоце Делчев “ во Прилеп го совладаа тимот на Тетекс со 2:0.
Стрелци на погодоците за скопскиот тим, во 19. Куп финале, беа Костенцоски во 14. минута, по голема грешка на противничкиот голман Марко Јовановски и Тенекеџиев во 65. минута по одличната асистенција на Баже Илијоски. Металурзи во текот на целиот меч имаа повеќе од играта, а тимот од Тетово не создаде сериозни шанси да го одбрани пехарот освоен изминатата сезона.
Жикица Тасевски, тренерот на тимот од скопската населба Автокоманда е третиот стратег, по Ѓоре Јовановски и Ѓоко Хаџиевски, кои досега по два пати успеале да се израдуваат пехарот во фудбалскиот Куп на Македонија.
Металург стана 11. освојувач на трофејот во најмасовното натпреварување.