Видич: Не сме загрижени за глумата на Барселона

Англиските медиуми се плашат дека фудбалерите на Манчестер Јунајтед би можеле да наседнат на провокациите од ривалот. “Нема ни збор за тоа, искусни сме, игравме веќе финале и секако дека ќе знаеме да се избориме во такви ситуации” изјави капитенот на Јунајтед. Тој додаде дека тоа е дел од менталитетот на ривалот. “Сигурно дека се поразлични од нас, доаѓаат од друго поднебје, секако и сваќањето е различно” додаде Видич. Тој потсетува дека и во своето прво финале против Челзи морал да се носи со такви работи. “Тогаш имав многу помалку искуство, п ауспеав да одговорам во моментот и да владеам со себе во таквиситуации. Ниту сега нема да биде поинаку” порача Видич кој на крајот додаде дека и судијата ќе си ја заврши работата корекно. “Ова е финале, ќе го изберат најдобриот судија, па така нема причина да се плашиме” смета еден од најдобрите дефанзивци на светот.