Италијанецот Дарк Санџермано бил погоден од заскитан куршум за време на новогодишните празници во главата, а сега успешно се опоравува откако куршумот му бил изваден од носот. 22 калибарен куршум го погодило 28 годишното момче, додека тој одел со својата девојка низ улиците на Неапол, град кој е познат по дивите прослави за време на дочекот на новата година. Куршумот влегол низ слепоочницата, поминал кај окото, и завршил во каналот од носот. За среќа му нема нанесено посериозна повреда.