Подготовка:
Во врела, посолена вода , сварете го грашокот. Потоа извадете го и ставете го во ладна вода за да ја задржи бојата. Потоа, во солена и зовреана вода сварете ги морковот и брокулата.
На страна загрејте малку маслиново масло, додадете печурки и пропржете ги неколку минути, зачинете и тргнете од оган.
На печуркитедодадете кус-кус, варениот зеленчук, пченката, две лажици маслиново масло и сите заедно попрскајте ги со лимонов сок и посипете со зачини.
Вака подготвениот кус-кус, поклопете го и оставете да стои 20 минути.
Состојки:
- ½ пакетчиња кус-кус
- 100гр грашок
- 100гр морков
- 100гр пченка
- 150гр брокула
- 3 лажици маслиново масло
- 100гр свежи шитаки печурки или вргањ
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1 лажица сецкан босилок
- Сол и бибер