10-те најубави цркви во светот – VII дел

13 август, 20110
colombia_ipiales_las_lajas_cathedral1

Las Lajas Sanctuary

Ипиалес, Колумбија

Длабоко во планините во југозападна Колумбија, оваа црква е лоцирана на крајот од мостот кој се протега преку драматичната клисура – прекриена со дрвја, a има и неколку водопади кои се слеваат во реката Guaitara. Несигурната поставеност на црквата не е случајна – таа била овде изградена од почит кон Богородица. Во 1754 година, една жена и нејзината глувонема ќерка, додека биле на прошетка ги фатило невреме, поради што се засолниле во најблиската пештера. Некаде во ноќта, според преданијата, Богородица и се појавила на ќерка ѝ и тогаш за првпат прозборела. Набргу потоа, овде била изградена капела во нејзина чест. Готскиот стил во Las Lajas бил вметнат откако била изградена црквата, во периодот помеѓу 1916 и 1949 година. Верниците продолжуваат да доаѓаат се до ден денешен од Колумбија, Еквадор и многу често оставаат свои лични предмети, во знак на почит и благодарност кон Богородица.

Како да пристигнете: Las Lajas се наоѓа надвор од малиот град Ипиалес, во близина на границата помеѓу Колумбија и Еквадор. Најдобро е со такси да пристигнете од центарот на Ипиалес до автобуска станица од каде со автобус ќе можете да отидете до црквата – овој трошок би требало да биде околу 2 долари, во еден правец. Инаку, влезот во црквата е бесплатен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi