Лавров: Меѓу Македонија и Русија не постојат отворени прашања

20 април, 20110
l

Наша задача во односите меѓу Руската федерација и Македонија е да ја продолжиме соработката, бидејќи во нашите односи не постојат отворени политички прашања, изјави денес шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
“Денешната средба е во насока на натамошно искористување на поврзаноста и тежнеењето за взаемна комуникација, која историски постои меѓу нашите земји за изградба на современи односи за развивање на соработката во духовно-културната и во сферата на економијата и инвестициите, како што беше договорено на средбата на претседателите на Руската Федерација и на Македонија Медведев и Иванов минатата година во Санкт Петерсбург“, изјави Лавров.
На средбата со Милошоски станало збор и за тоа како се одвива исполнувањето на договореното од страна на претседателите на двете земји.
Милошоски истакна дека оваа посета може да биде значаен импулс за отворање на ново поглавје во насока на натамошно продлабочување на односите меѓу Македонија и Русија.
Министрите на средбата го потпишале Заедничкиот план на министерставта на двете земји за редовни консултации за периодот 2011 – 2012 година за кои се очекува да придонесат за поблиска координација во различни области на надворешната политика.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi