Вистината во денешницата е релативна работа. Вистината денес стана и многу покомлицирана од било кога. Моја, твоја, наша вистина ги има многу. Но, зад овие термини сепак се наоѓа и лагата. Експертите откриле дека лажењто не само што му штети на нашиот углед, туку и може штетно да влијае врз здравјетп.
Истражувањата се поврзале со зборувањето лаги и со ризикот од рак, вишок на килограми, анаксиозност, депресија, зависности, коцкање и голема веројатност да имате лоши односи со други луѓе, изјавил д-р Деирдре Ли Фицгералд, професор по психологија на Универизтетот од Источен Конектикат.
Главната причина зошто лажењето му штети на здравјето и долговечноста, е стресот кој секогаш ја придружува лагата. Лажењето бара поголем физички и емоционален напор. А бидејќи една лага, раѓа друга, овој магичен круг може да биде многу штетен за нервниот систем. Лажењето води и до депресија и анаксиозност. “Кога луѓето лажат за да избегнат соочување со емоциите и проблемите, а истиот проблем се јавува одново и одново, менталната состојба може многу да се влоши“, додал Фицгералд.
Ослабената самодоверба е уште еден резултат од лажењето. Неможете да имате високо мисење за себе ако живеете постојано во лаги. Тука се надоврзува исто така и употребата на наркотици и алкохол. Што повеќе се предавате на овие пороци, толку потешко можете да сеносите со вистината.
Вистината носи долгорочни бенефиции и подобро здравје. Научете ја нејзината вредност и избегнувате ги здравствените ризици кои ги носи лагата.