Убиен еден од лидерите на Ал Каеда во Пакистан

4 јуни, 20110
mohammad-ilyas-kashmiri

Еден од истакнатите лидери на Ал Каеда во Пакистан убиен е во напад на американските беспилотни летала, јавува “Блиц“, пренесува Нетпрес.

Станува збор за лидерот Илијас Кашмир, еден од најопасните исламистички екстремисти на светот, јавува “Ројтерс“.

Ова не е прв пат да се известува за смртта на Кашмир, но пакитанските медиуми тврдат дека овој пат известувањето околу неговата смрт е точно повикувајќи се на исламистичките групи поврзани со Ал Каеда на чие чело се наоѓал тој.

Погубувањето на Кашмир претставува уште еден успех на американските сили во борбата против тероризмот, откако на 2 мај беше убиен лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *