Менувам бубрег за iPad

4 јуни, 20110
ipad-for-kids1

Еден кинески тинејџер го продал својот бубрег за да може да си го купи компјутерскиот мултимедиски уред  iPad -2, кој во Кина претставува статусен симбол, пренесува BBC.

Седумнаесет годишниот средношколец, идентификуван само како “Малиот Женг“, за локалната телевизија ја раскажал приказната како продажбата на својот бубрег ја договорил преку интернет.

Овој случај укажува на начинот на функционирање на црниот пазар за човечки органи во Кина, каде поради недостиг на донатори, доведе до профитабилна трговија со човечките органи.

Се започнало кога малиот тинејџер видел оглас на интернет во кој на донаторите на органи им се нуделе пари. Откако бил опериран во една болница, добил 3392 долари, со кои го купил долго посакуваниот iPad и лаптоп.

Кога мајка му го забележала уредот и ја видела лузната на телото, малиот Женг и ја раскажал целата приказна. Полицијата се обидела да ги пронајде организаторите на операцијата, но тие исчезнале брз трага.

Кинеските власти во 2007 година ја забранија продажбата на органи и воведоа пракса на доброволни донации во обид да ја запрат нелегалната трговија со човечки органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi