Веќе знаете дека нема да потонете ако пред пливање изедете голем сендвич, но постојат некои безсмислени совети кои и понатаму продолжуваме да ги почитуваме.
Влегувањето и излегувањето од климатизирани простории може да ве разболи
Ако почне да ви тепче носот најверојатно станува збор за алергија, немора да значи дека веќе се работи за настинка. Секогаш водете грижа за прашината во вашиот дом да ја нема и користете некои пречистувачи на воздухот.
Најсигурно место за време на олуја е автомобилот поради гумите
Во автомобилот сте безбедни, но не поради гумите. Автомобилот е како метален кафез, а додека се возите немојте да допирате метални рачки и други предмети, бидејќи токму металот е одличен проводник на струја.
Апостолките се добри за стопалата
Тие главно немаат никава подлога за средината на стопалата, немаат ни добар облик и предизвикуваат деформитет кај прстите. Подобро е да носите сандали со ремени. Летните обувки гледајте да ви бидат анатомски, со влошки, не сосема рамни.
Базенот е како двојно капење
Пвеќето луѓе не се мијат пред влегување во базен. Сите производи кои се користат за тело, коса, остануваат на нив и се раствараат во вода, реагираат со хорот и намалуваат ефект. Всушност, базените се полни со опасност, поради кои можете да добиете дијареа, инфекција на уши и кожа. Задолжително измијте се пред и по влегувањето во базен, за да ги отстраните сите бактерии од своето тело. Најубаво е да користите медицински сапуни.