Ледени коцки

12 јуни, 20110
news_150

Подготовка:

Добро изматете 6 јајца со 6 лажици шеќер, додадете 6 лажици брашно , 3 лажици какао, 3 лажици масло и 1 прашок за пециво. Целата смеса истурете ја во поголем плех и печете на 200 степени (со чепкалка проверете дали е испечено).

Кога ќе се олади, прелијте ја со сируп направен од две чаши шеќер и 1 литар вода варена 5 минути.

Фил:

Сварете ½  литар млеко, а потоа префлете го на пареа, додадете девет лажици шеќер и девет лажици брашно, потоа оваа смеса оставете ја да се олади, па помешајте со посебно изматени 250гр путер или маргарин, 250гр шеќер во прав и 1 ванилин шеќер.

Филот истурете го врз испеченото и оладено тесто, а врз филот прелијте топол прелов од 3-4 реда чоколадо со малку маргарин или путер. Кога ќе се олади ставете го во фрижидер и служете ладно.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 + 9 лажици + 1 чаша шеќер
  • 6 + 9 лажици брашно
  • 3 лажици какао
  • 3 лажици масло
  • 1 прашок за пециво
  • ½ л млеко
  • 250гр путер или маргарин
  • 250гр шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 3-4 реда чоколадо и чаша вода

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *