Жители на Лондон одгледуваат грозје на своите балкони

12 јуни, 20110
0

Жители на Лондон во своите градини и балкони одгледуваат грозје за да би произвеле “урбано вино”.
Пред 4 години Ричард Шарп бил на одмор во Франција и се воодушевил на “заедничкиот дух на соработка” кои го имаат жителите на малите села во Франција за време на гроздоберот. Тоа го навело да се запраша дали истито би можело да се спроведе и во Велика Британија.
“Многу луѓе во Лондон одгледуваат винова лоза, но не знаат што да прават со грозјето”, рекол Шарп, додавајќи дека дал оглас во весниците, во кое побарал сите одгледувачи на винова лоза да се вклучат во неговиот проект, известуваат француските медиуми.

Огласот доживеал успех и подоцна била формирана компанијата “Урбанно вино”.

На почетокот се произвеле само 20 шишиња розе вино, но подоцна грозјето поцнало се повеќе да се одгледува по градините низ Лондон и југоисточна Англија.

Околу 100 одгледувачи работат за “Урбанно вино”.  Секој од нив годишно добива околу 140 € и 6 флаши розе вино со сопствена етикета, остатокот на вино се продава преку веб-сајт и во специјални продавници за вино. Минатата година било произведено 1300 шишиња розе вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi