Објавена првата фотографија по атентатот на конгресменката Гифордс

12 јуни, 20110
gabriel-giford-pred
Првита фотографија на американската конгресменка Габриел Гофордс, која пред пет месеци била застрелана во галава во Аризона, била објавена на нејзината страна на “Фејсбук“, пишува хрватски “Дневник“, пренесува НетПрес.
Фотографијата покажува како конгресменката се смее, со кратка коса и депигментирана кожа на едната страна од челото, но без било какви лузни.
Гифордс наскоро би требало да го напушти центарот за рехабилитација Хјустон во кој е префрлена две недели по пукањето на осми јануари, во кое шест лица биле убиени, а 13 ранети вклучувајќи ја и нејзе.
Вооружениот напаѓач 22-годнишниот Џаред Ли Лоуџнер, кој со автоматски пиштол направил масакр на состанокот на конгресменката Гифордс со нејзините гласачи во Тускон, е прогласен за непресметлив и неспособен за судење и бил сместен во психијатриска болница во државата Мисури.
Од тој инцидент американската јавност само еднаш имала прилика да ја види Гифордс на нејасна видео снимка на влез во авион за Флорида каде што го гледала полетување на ракета на НАСА во вселената чиј капетан бил нејзиниот сопруг, астронаутот Марк Кели.
Од моментот кога била ранета, Гифордс остварила извонреден напредок, бидејќи научила повторно да оди и да зборува, иако има потешкотии со поврзување на реченици.
Заради потешкотии во зборувањето, Гифордс првенствено се потпира на изразите на лицето и гестикулации со рацете.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma