Најновата фотографија од Лејди Гага, која таа самата ја објави на Твитер, како најава на нејзиниот најнов албум, го покажува нејзиниот сенишен изглед.
Веќе сме навикнати на нејзините бизарни потези, но овој пат таа го прави тоа и по цена на своето здравје. Нејзиниот менаџер изјави дека и во 2009 година го имале овој проблем кога таа шест пати завршила во болнца поради изгладнетост, со цел да ги носи нејзините екстравагантни костими. Неодамна и таа самата изјави за магазинот People дека има проблеми со опаѓање на косата.