Американската контроверзна поп дива Лејди Гага најави дека во новиот видео спот за песната “Јуда“, ќе ја претстави својата верзија на Библијата. “Луѓето ќе се шокираат кога ќе видат дека нејзината порака е голема и значајна“, изјавила Лориен Гибсон, крееативна директорка на пејачката, која заедно со неа ќе го режираат спотот. Улогата на Јуда во видео записот ќе ја има Норман Ридус, а Лејди Гага ќе биде Марија Магдалена. Контроверзната пејачка потврдила дека нејзиниот нов сингл ќе излезе на 19 април.