Лејди Гага купила пелени за цела година?! Аман бе, до таму ли дојде работата :)))
21 декември, 20110
![lady gaga album 241109](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/12/lady-gaga.jpg)
Лејди Гага не навикна на многу бизарности, но последната вест која пристигна од луѓе блиски до ултрапопуларната пејачка е дека била во годишна набавка на пелени.
Најмоќната фаца во светот на шоу бизнисот наскоро би можела да стане и најоригинална кога се во прашање подароците. Таа, кога дознала дека нејзиниот возач наскоро ќе стане татко, купила годишна залиха на пелени и му ги подарила. Како што пренесуваат нејзините пријатели, Лејди Гага е многу дарежлива, често сака да ги изненадува нејзините пријатели, а возачот чува многу нејзини тајни и “глупости”, па веројатно и затоа смислила ваков оригинален а сепак неопходен подарок.