Лејди Гага признала дека ја прекинала врската со Лук Карло и дека нејзината песна “Judas” е посветена на него. Јасно е дека Јуда претставува симбол на предавството, па оттука може да претпосатвиме која била причината за прекин на нивната врска.
Инаку во последно време Гага е под силен притисок од музичките критичари, кои сè почесто ја споредуваат нејзината кариера со онаа на Мадона. Се вели дека невкусното расоблекување, модната бизарност и провокацијата на религиските елементи се трикови кои Мадона ги искористила во текот на нејзината кариера.