Лејди Гага не престанува да ја фасцинира јавноста со бизарните постапки кои ги прави. Во рок од неколку дена, најпрво излезе од јајце, на доделувањето на Греми, потоа стави пластични израстоци на лицето, а најново е што на гостување на една емисија се појави во фустам од кондом.
Таа вели дека го облекла тоа за да го промовира сигурниот секс, и да го насочи вниманието кон борба против ХИВ, објаснила Гага откако го видела збунетиот израз на водителката на емисијата.