Лејди Гага

24 јуни, 20110
9_www.24htapety.cba.pl

Стефани Џоан Анџелина Германота е родена 28 март, 1986 година, позната е по нејзиното сценско име Лејди Гага. Таа е американска поп пејачка-текстописец. Започнала да се промовира на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side. Потпишува договор со Streamline Records, отисок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. За време на нејзиниот престој во Interscope, таа работела како текстописец за неколку познати артисти и го привлекла вниманието на Акон, кој ги препознал нејзините вокални способности и ѝ помогнал да се пријави за неговата издавачка куќа, Kon Live Distribution.

Нејзиниот деби албум, „The Fame“ , беше издаден на 19 август, 2008 година. Освен тоа што доби во главно добри критики, албумот се најде на првото место на топ листите во Канада, Австралија, Германија и Ирска, а исто така го освои и првото место на Billboard за најдобар електронски албум. Првите два сингла од албумот, „Just Dance“ и „Poker Face“, напишани и продуцирани од страна на Лејди Гага заедно со RedOne, станаа меѓународни топ хитови, стигнувајќи на првото место на Hot 100 во Соединетите Американски Држави, но исто така и во други земји. Албумот подоцна ги освои сите можни шест Греми Награди, и доби награда за Најдобар Електорнски/Денс Албум и Најдобар Денс Албум. Во почетокот на 2009 година, откако настапи на турнеите на New Kids On The Block и Pussycat Dolls, Лејди Гага започна сопствена турнеја насловена како The Fame Ball Tour. Во 2009, таа го објави и својот втор студио албум насловен како The Fame Monster, со број еден водечкиот хит во светот „Bad Romance“, и со исто така започнување на втората турнеја, The Monster Ball Tour. Видеото за синглот „Paparazzi“ беше вистинско ремек дело и беше едно од најинтересните за 2009 година, а неговото продолжение беше спотот на Гага во придружба со мегапопуларната Beyoncé, кој излезе во 2010 година, видеото насловено како „Telephone“. Последно од Лејди Гага е албумот ”Born This Way”.

Лејди Гага е инспирирана од глам-рок музичарите какви што се David Bowie и Freddie Mercury, но исто така и од поп музичарите какви што се Madonna и Michael Jackson. Таа исто така изјавува дека модата е извор на инспирација за нејзиното пишување на песни и нејзините изведби. До денеска, таа има продадено над осум милиони албуми и над триесет и пет милиони синглови ширум светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber