Фељтон: Принцови на столетието, “Rolls-Royce”

24 јуни, 20110
0

Rolls-Royce е позната Британска марка на автомобил. Компанијата за производство на авионски мотори била создадена во партнерство помеѓу Charles Stewart Rolls и Henry Royce во 1904 година.

Во 1971 година со развојот на напредниот авионски мотор RB211 резултирало со национализација на компанијата во Rolls-Royce Limited. Во 1973 година Rolls-Royce Motors се оделил од матичната компанија и почнал да функционира како посебна единка. Rolls-Royce Limited продолжил да функционира како национализирана компанија се до 1987 година кога компанијата се приватизирала во  Rolls-Royce plc.

Во 1884 година, Henry Royce започнал да работи со електрика и механика. Својот прв автомобил со два цилиндри Royce 10 го направил во својата фабрика во Манчестер во 1904 година, и бил претставен на Charles Rolls во Midland Hotel, Манчестер на 4 Мај истата година. Charles Rolls во тоа време бил еден од првите дилери на автомобилски мотори, фирмата го ноела името C.S.Rolls & Co. во Фулам.

И покрај желбата на Rolls за производство на автомобили со три или четири цилиндрични мотори, тој сепак бил инспириран од моделот Royce 10 и одлучил да склучи договор на 23 Декември 1904 година каде се согласил да ги преземе сите автомобили(модели) кои ќе ги произведе Royce.

 

Тоа ќе бидат следниве модели:

Royce 10 кс (7.5 kW), модел на мотор со два цилиндри која се продавал по цена од £ 395
Royce 15 кс (11 kW) модел на мотор со три цилиндри која се продавал по цена од £ 500

 

Royce 20 кс (15 kW) модел на мотор со четири цилиндри која се продавал по цена од £ 650

 

Royce 30 кс (22 kW) модел на мотор со шест цилиндри која се продавал по цена од £ 890


Сите ќе бидат обележани како модели Rolls-Royce, а правото на продажба ќе го има исклучиво Rolls. Првиот Rolls-Royce автомобили, Rolls Royce 10 КС, бил претставен на Paris Salon, во Декември 1904 година.

Rolls-Royce Limited е формирана на 15 Март 1906 година, кога веќе и очигледно имало потреба од нови подобри простории за изработка на автомобили. Откога се разгледале повеќе локации во повеќе градово во Британија, како Манчестер, Брадфорд и Лестер. Најдобрата понуда сепак ја добиле од Градскот совет во Дерби, каде се договориле за потребите на фабриката да добиваат евтина електрична енергија, која резултирала со одлука веднаш да се купат 12,7 хектари (51.000 м2) земјиште во јужниот дел на градот Дерби. Новата фабрика во голема мера била дизајнирана од страна на Royce, која започнала со производство на почетокот на 1908 година, и со свеченото отворање на 9 Јули 1908 година од страна на Sir John Montagu. Потребите на новата компанија барала дополнителни инвестиции, каде било одлучено да се понудат акции за да се привлечат нови инвеститори. Во 1907 година Rolls-Royce го купува C.S. Rolls & Co.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *