Лек за СИДА кој го намалува ризикот за воопшто инфицирање со СИДА

14 јули, 20110
aids

Истите антиретровирозни лекови кои се користат за третирање на ХИВ и СИДА можат исто така да се употребат да го намалат ризикот од воопшто заразување со ХИВ, покажуваат две нови студии. Драматичните резултати се само најмалиот доказ дека лекот за СИДА-та може да биде ефектен и како превенција исто како и третман. Додека претходното истражување покажа дека антиретровирозните лекови се ефектни за специфични групи, новите студии спроведени во Кенија, Уганда и Боцвана покажуваат дека тие исто така се ефектни воопшто во хетеросексуалното население.
Во една студија, која заврши рано поради тоа што резултатите беа изненадувачки, антиретровирозните лекови го намалуваат ризикот од заразување од 62% до 73%. Друга покажува намалување до 63%. Земањето на лековите секојдневно е важно: Претходен експеримент во кој многу дози беа пропуштени, беше помалку ефектен. Околу 6.6 милиони инфицирани луѓе во светот кој се развива земаат антиретровирозни лекови, но овие новости најверојатно ќе ги импулсира напорите да се овозможат повеќе лекови за оние кои сеуште не се инфицирани, објавува Вашингтон Пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *