Лековите што се земаат на своја рака го оштетуваат желудникот

30 јули, 20110
Taking a tablet

Сè повеќе има луѓе кои се лекуваат на своја рака. Неконтролираното земање лекови создава зависност, а тие лекови можат да го оштетат желудникот и да го отежнат поставувањето на дијагноза, што може да има кобни последици за човекот.

Дека е така, потврдуваат и лекарите кои секојдневно се среќаваат со пациенти кои сами си поставуваат дијагноза и се лекуваат, се разбира без успех. Со земање лекови без рецепт пациентот ја расипува клиничката слика и со тоа им оневозможува на докторите да ја откријат причината за болеста. Антибиотиците создаваат пореметување на цревната флора, а така се создаваат и габичните инфекции. Меѓу најчесто користените лекови се анти-ревматиците, кои ја оштетуваат слузокожата на желудникот, а може да предизвикаат и крварење на истиот.

Сè почеста е и употребата на антидепресиви, лекови за астма, за дијабетес, помошни лековити средства за настинка и температура… Неконтролираното користење на лекови подеднакво го предизвикуваат  и пациентите и лекарите кои им препишуват таблети “за секој случај“.

Покрај самолекувањето, создавањето домашни залихи, притисокот врз лекарите да препишуваат што повеќе лекови, исто така и фармацевтските компании имаат свој дел од одговорноста, со оглед на тоа што преку маркетинг влијаат на лекарите да препишуваат што поголем број на одредени лекови, а сè со цел создавање на поголем профит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit