Познатиот пејач Лени Кравиц, најави дека на лето ќе издаде нов албум, кој ќе биде наречен Црно-бела Америка (Black and white America). Тој изјави дека албумот ќе зборува за неговото досегашно искуство како пејач кој има мешана крв а живее во САД.
Израснав во окружување во кое беше нешто помеѓу бел и црн свет. Мојот живот е во знак на контраст, изјавил Лени.
Инаку Лени е син на мајка афро-американка, која инаку е актерка и татко белец, кој се занимавал со продукција.