Холивудскиот актер Леонардо ДиКаприо би требало да ја добие главната улога во римејкот на филмот “ Sвездата е родена “ филм кој ќе биде во режија на Клинт Иствуд.
Во јануари соопштивме дека Бијонсе ќе ја игра главната женска улога во овој филм. Инаку првиот филм “ Sвездата е родена “ е направен во 1976 година, во кој играле Барбара Стрејсенд и Крис Кристоферсон.
Овој филм би требало да почне да се снима следната година. Инаку следен филмски проект на Иствуд е “ J. Edgar “ за Едгар Хувер, во кој исто така ќе има улога Леонардо.