Лепа Брена

4 август, 20110
zetra-lepa-brena-02

Лепа Брена е родена во Тузла во 1960 година како Фахрета Јахич, но израснала во Брчко. Таа има сестра и постар брат по име Фарук. Во 1981 година, Брена почнала да пее заедно со бендот Слатки грех. Подоцна се преселила во Нови Сад, и на крај во Белград каде во 1991 година се венча со српската тениска ѕвезда Слободан Живојиновиќ. Брена моментално живее и работи во Белград, Србија, заедно со својот сопруг Слободан Живојиновиќ и нивните три сина, Стефан, Виктор и Филип.
Брена и нејзиниот сопруг имаат вила во Коконат Крик во Флорида, каде живееле во текот на бомбардирањето на НАТО на Југославија. Тие исто така имаат вила во Монте Карло, а неодамна купиле уште една куќа во Мајами во вредност од 1.6 милиони долари.

Во 1982 година, Лепа Брена го издала својот прв албум “Čačak, Čačak” (именуван по српскиот град Чачак), автор на првиот албум бил Милутин Поповиќ-Захар, додека менаџер и бил Владимир Цветковиќ. Истата година Лепа Брена и Слатки грех се појавиле во првиот дел на југословенската класична комедија “Тесна Кожа”.

Вториот албум “Mile voli disko“, бил изаден во 1983 година. Некои од песните на овој албум биле големи хитови во тоа време како “Mile voli disko“, “Duge noge” и “Dama iz Londona“. Главен автор се уште бил Милутин Поповиќ-Захар.
Во 1983 година Лепа Брена ја прекинала соработката со Милутин Поповиќ-Захар и Владимир Цветковиќ, и истата година заедно со Слатки грех учествувале на Југословенскиот избор за Евровизија со песната “Sitnije, cile, sitnije“.
Во 1984 година Лепа Брена и Слатки грех ја започнале соработката со новиот менаџер Рака Џокиќ, каде истата година го издала и третиот албум, “Bato, Bato“. Овде Брена веќе наметнала попровокативен стил во нејзината интерпретација, различен од стилот кој го наметнувал Поповиќ.

Во 1991 година Лепа Брена го снимила нејзиниот последен албум со Слатки грех, “Zaljubiška“.

Во 2008 година Брена го издава својот соло албум Uđi slobodno, а во 2011 албумот Začarani krug.

Албуми:

Čačak, Čačak (1981)

Mile voli disko (1982)

Sitnije, cile, sitnije / Hej, najluđe moje (12″ Maxi, 1983)

Bato, Bato (1984)

Pile moje (1984)

Jedan dan života, (duet with Miroslav Ilić) (1985)

Voli me, voli (1986)

Okrećeš mi leđa (1986)

Hajde da se volimo (1987)

Četiri godine (1989)

Boli me uvo za sve (1990)

Zaljubiška (1991)

Ja nemam drugi dom (1994)

Kazna Božija (1995)

Luda za tobom (1996)

Pomračenje sunca (2000)

The Best Of Lepa Brena (2004)

Uđi slobodno… (2008)

Začarani krug (2011)

 

http://www.youtube.com/watch?v=W_EtL_V9RWc

http://www.youtube.com/watch?v=14VZLsCzjDg&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=uArlvatEn4I&feature=related

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit