Летот за Марс че биде изводлив дури после 2035 година, изјавил претсетаделот на руската државна компанија “Роскосмос“, Анатолиј Перминов. “Со сегашната постоечка технологија, сметам дека тоа е возможно до о вој рок“, истакнал тој. “За летовите до Марс неопходно ќе биде изградба на нови вселенски летала, мотори на атонмски погон и тогаш до оваа планета ќе се лета за месец дена, што релано е остварлива задача“, додал Перминов. Претседателот на “Роскосмос“ прецизирал дека се планира изградбата на моторот да биде до 2019 година, а новото вселенско летало до 2025 година. “Апсурдно е да се лета со вселенски бродови и мотори кои сега ги имаме“, изјавил Перминов и додал дека со таква техника до Марс би се летало година дена. Рускиот претседател Димитриј Медведев исто така смета дека во иднина летот до Марс е многу реален.