Летот со авион опасен за дијабетичарите

popara23 август, 20111min00
dijabetes--x

Промената на воздушниот притисок за време на авионскиот лет може да направи инсулинската пумпа да испумпува премалку или премногу на хормон, кој ќе биде исклучително осетлив за за чуствителните пациенти и може да настане ризична ситуација, предупредуваат експертите во Австралија.

Идејата за да се испита овој проблем, австралиските експерти од детската болница Џон Хантер во Њукасл дојдоа до информација дека едно десетгодишно дете, кое има дијабетис од тип 1, шеќерот превише и паднал саат време после полетувањето.

Инсулинските пумпи се наменети за администрирање на инсулинот на пациентите ( најчесто луѓе со дијабетис тип 1 ) за време на целиот ден.

Австралискиот тим, предводен од Брус Кинг, на комерцијалните летови тестирал 10 инсулински пумпи на фирмата “Анимас енд медтроник”.

Се покажа дека овие пумпи дистрибуираат еден од 1,4 додатни единици на инсулин за време на полетувањето, кога воздушниот притисок во авионската кабина опаѓа, и околу една единица помалце за време на слетувањето, кога притисок во кабината се зголемува.

Експертите за дијабетис посочуваат дека не треба да биде голем проблем за повеќето дијабетичари кои летаат со авион. Проблем може да имаат само најосетливите – оние кои реагираат на мали промени во дозата.

Кинг и неговите колеги советуваат , пациентите да ги исклучат пумпите за време на полетувањето и слетувањето на авионот и пред да ги уклучат да проверат да нема во инсулинот меурчиња од воздух.

Освен тоа, пациентите треба да се консултираат со своите лекари околу тоа, дали се во групата на оние кои овој проблем може да ги погоди, и доколку се, да се информираат како на безбеден начин д а го решат тоа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag