Лиам Галагер “прави пауза” од алхохолот

popara3 јули, 20111min00
49471_lijam-galager01-ap-joel-ryan_f

Пејачот од групата Beady Eye, Лиам Галагер кој важи за најдекадентен музичар на деведесетите години на врвот на славата на неговиот поранешен бенд  Oasis, сепак нема да се откаже  од алкохолот засекогаш, само “прави пауза” …

“Правам пауза. Пијам веќе дваесет години и тоа не е добро. На венчавката на Ноел, не се појавив, бидејќи ќе бев во искушение да се напијам нешто, а тогаш ќе настанеше хаос, па така  сам одлучив да останам дома”, вели Лиам.

Тој додава дека неговата нова група Beady Eye го промовира своето првенче и не би сакал  поради пијанство да не му биде познато во кој град е или колку концерти ќе треба да одржи.

“Тоа ми се случуваше  1996 година. Заборавив дека во истиот град ќе свириме две ноќи, па целосно се уништив првата ноќ. Следниот ден, ме разбуди тропање на вратата на хотелот, кога ми кажаа дека морам да работам повторно …. ”

Меѓутоа, сега е сериозен и во текот на претстојните концерти не планира да се напие нешто што содржи алкохол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag